Последната кампања на Луј Витон привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Кампањата за Основни вредности ги слави повеќедецениските тениски кариери на Роџер Федерер и Рафаел Надал. Фотографиите за кампањата ги потпишува Ени Лејбовиц, а на нив се гледаат спортските ѕвезди како шетаат и се опуштаат на 3000 метри височина, по италијанските Доломити, облечени, се разбира, во парчиња од Луј Витон.
Брендот на својот Инстаграм профил сподели фотографија од кампањата на која Надал и Федерер се на снежна планина на италијанските Доломити, позирајќи со новите ранци на Луј Витон.
View this post on Instagram
„Легендарно патување до врвот. Кампањата за основни вредности на Луј Витон е ода на издржливоста, со тениските легенди Роџер Федерер и Рафаел Надал кои патуваат заедно, надминувајќи го спортското ривалство и прифаќајќи го пријателството“, се вели во описот на објавата.