Полскиот тенисер Хуберт Хуркач во третото коло од Мастерсот во Индијан Велс го победи Френсис Тиафу со 6:3 и 6:2. Поради оваа победа, Хуркач ќе го престигне Роџер Федерер на АТП ранг-листата.

Дваесеткратниот грен слем шампион дефинитивно ќе ги напушти најдобрите 10 тенисери на светот следната недела.

Последен пат Федерер не беше меѓу првите десет на ранг-листата пред Австралија Опен-2017. Тогаш Швајцарецот кој го освои Грен слемот во Мелбурн како 17-ти рекет во светот.

Четириесетгодишниот Фередер од понеделник ќе падне на најмалку 11 место.