Холандскиот фудбалски репрезентативец, Мемфис Депај постигна два гола во квалификациите за СП 2022 против Гибралтар (6:0).

Дваесет и седумгодишниот напаѓач се запиша 14 пати во листата на стрелците во 2021 година, со што постави нов рекорд за националниот тим во голови за една календарска година.

Депај го собори досегашниот рекорд на Патрик Клајверт од 12 гола поставен во 2000 година.

По осум кола во Г-групата, Холандија е лидер со 19 бода, пред Норвешка со 17, трета е Турција со 15.