Распоредот на големиот Роџер Федерер до крајот на годината е јасен. И воопшто нема да биде оптоварен. Барем тоа се гледа од распоредот на Маестро до крајот на натпреварувачката 2018 година

Тој ќе учествува само на четири турнири и при тоа ќе настапи само во најважните од нив до крајот на 2018 година. Швајцарецот ќе се бори за трофеи на двата преостанати Мастерси – во Шангај и Париз, како и на финалниот турнир во Лондон во ноември.

Единствениот турнир со помалку од 1.000 поени во кој ќе учествува е неговиот домашен во Базел. За таму има договор за учество и за 2019 година, што значи дека неговата кариера сигурно ќе трае минимум уште најмалку една година.

Со староста, Федерер веќе се помудро избира турнири, за да штеди сили и да е максимално конкурентен. Ако ги освои сите турнири во кои ќе учествува, ќе ја заврши годината како број еден во светот.