Компанијата Мета, сопственик на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, ги отстрани од тие платформи сметките на влијателната американска антиваксерска организација „Заштита на здравјето на децата“, предводена од Роберт Кенеди Јуниор, внук на убиениот претседател Џон Кенеди.
Организацијата ја критикува безбедноста на вакцините против Ковид-19. Мета објави дека ги отстранува сметките поради постојано прекршување на нејзините политики во врска со Ковид-19 и дезинформации.
Организацијата го обвини Мета дека не го почитува правото на слобода на говор.
„Фејсбук делува овде како претставник на крстоносната војна на федералната влада за да ги замолчи сите критики за драконските политики на владата“, рече Роберт Кенеди Џуниор, истакната личност во американските антиваксерски кругови.
Неговата организација тврди дека има стотици илјади претплатници на нејзините два профила на Фејсбук и Инстаграм. Таа беше исклучена од мрежата Јутјуб минатиот септември. Според организацијата на Кенеди Џуниор, сегашната забрана на Мета може да биде поврзана со тужбата што таа ја поднела пред федералниот суд против компанијата за цензура.