Лацио и Аталанта одиграа феноменален натпревар со по три гола на двете страни, и со резултатот 3:3, освоија по еден бод во мечот од фудбалската Серија А на Италија.

Гостите од Бергамо одиграа одлично прво полувреме во кое водеа со 3:0, тие истата предност ја одржуваа и до средината на вториот период. Тогаш, работите на теренот се сменија, Лацио од пенал намали на 1:3, а една минута подоцна „орлите“ дадоа уште еден гол и дојдоа на 2:3.

Аталанта грчевито се бранеше во обид да ја зачува предноста и да победи, но во 92. минута беше досуден уште еден пенал на римскиот тим, па Чиро Имобиле од белата точка погоди уште еднаш за конечни 3:3.