Исланѓанецот Алфред Финбогасон во идеален момент го постигна својот прв гол сезонава, бидејќи со тој погодок во 91. минута, му донесе нерешен резултат на Аугзбург против првакот Баерн Минхен во баварската пресметка од германската фудбалска Бундеслига.

Дуелот заврши 2:2, а интересно е што домашните дадоа голови во првата и последната минута од средбата. За Баерн, стрелци беа сезонава незапирливиот Левандовски и Гнабри кој на осмо гостување по ред постигнува погодок.

Лигата е многу изедначена. После овој кикс на Баерн, доколку вечерва Борусија Дортмунд ја победи Борусија Менхенгладбах, од првиот со деветтиот на табелата, разликата ќе биде само два бода.