Манифестацијата Фестивал на нарцисот „Лазарополе цути“ ќе се одржи по 10 пат на 25 мај.

Месната Заедница на село Лазарополе, Здружението на поранешни жители на село Лазарополе и Здружението за поттикнување на партнерството и развој на граѓанското општество ТОРДИС ги поканува сите граѓани да ја продолжат традицијата на берење нарциси.

Оваа година Фестивалот на нарцисот – „Лазарполе цути 2024 година“ ќе се одбележи под мотото: „10 ГОДИНИ ЗАЕДНО со расцутениот нарцис, симбол на заштитата на природното движно и недвижно културно наследство.

Според програмата, манифестацијата ќе биде отворена во 10:15 часот со звукот на зурлите и тапаните, а потоа следува собир пред хотелот Калин, односно сред село.

Кон ливадите со нарциси ќе се тргне во 10:40 часот, по пристигнувањето следува берење на нарциси, дружба и оро со сурли и тапани се до 13:30 часот.

Поради најавена голема посетеност ќе има посебен сообраќаен режим.

Од месната заедница на сите посетителите им порачуваат да ја почитуваат природата и да се однесуваат совесно, да не оставаат ѓубре зади себе и отпадоците да ги фрлаат во поставените места за отпад.