Во рамките на фестивалот Докенритам во Белград, денеска ќе бидат прикажани и два музички документарни филма за Кирил Џајковски „Современа музика за современото доба“ на Ненад Георгиевски и филмот „The Hip“ во режија на Јане Алтипармаков.

Филмовите се дел од категоријата „Земја во фокус“ на Фестивалот со акцент на Македонија.

Фестивалот за музички документарни филмови Докенритам се одржува во Студентскиот град во Белград од 8 до 11 јуни и неговата програма покрај филмска презентација, се состои и од дебати и промоции на книги.

Гостувањето претставува соработка помеѓу здружението Номад-арт од Скопје и фестивалот Докенритам.