Пилотот на Ферари, Себастијан Фетел побара од навивачите и медиумите да не го ставаат под голем притисок Мик Шумахер, туку да го остават на мир да ги развие своите квалитети.

Синот на легендата во Формула 1 веќе е споредуван со својот татко, откако оваа година ќе вози во Формула 2, а згора на тоа беше привлечен и во академијата на „Скудерија“.

Фетел имаше можност да види одблизу на што е способен Мик минатата недела за време на Трката на шампионите во Германија, кога двајцата беа тимски колеги, а потоа отпадна од него во сингл трките и побара играчот да не биде притискан, откако беше запрашан дали тој очекува да стане ѕвезда.

– Дајте му време. Тој веќе е под доволно голем притисок, но ајде да го оставиме да ги развие своите квалитети и да видиме до каде може да стигне, изјави четирикратниот светски шампион.

Тој верува и дека Ферари може да го победи Мерцедес во новата сезона.

– Имаме се што ни треба за триумф. Првата трка ќе покаже каде сме, но нашата цел е јасна и останува едноставно да ја завршиме нашата работа, истакна Себ.