Тимот на Филаделфија 76 го победи Шарлот Хорнетс со 133:132 дома по продолжение во натпревар од регуларната сезона на НБА.
Во „Велс Фарго Центар“ двата тима одиграа интересен дуел, откако гостите успеаја да стопат предност од 21 поени на противникот, но на крајот загубија по продолжението со еден кош.
Над сите за победниците беше Џоел Ембид кој имаше неверојатна партија со 42 поени, 18 скока, 4 блока и 4 асистенции, а Бен Симонс додаде 22 поени, 13 асистенции, 8 скока и 2 украдени топки.
Силна поддршка од клупата даде Џеј Џеј Редик, кој постигна 17 поени.
За Шарлот на вообичаеното високо ниво беше Кемба Вокер, кој го заврши дуелот со 30 поени, 9 асистенции и 7 скока, а Мајкл Кид-Гилкрејст реализира „дабл-дабл“ – 12 поени и 12 скока.
По овој успех Филаделфија се искачи до третото место во Западната конференција со биланс од 8 победи и 5 порази, додека Шарлот ја зазема седмата позиција со 6 успеси и исто толку порази.
Резултатите од дуелите во НБА:
Орландо – Вашингтон 117:108
Филаделфија – Шарлот 133:132 по продолжение
Атланта – Детроит 109:124
Мајами – Индијана 102:110
Денвер – Бруклин 110:112
Јута – Бостон – 123:115
Сакраменто – Минесота 121: 110