Членот на Центалниот комитет на СДСМ во Кисела Вода, Филип Андов-Сокол демантира дека имало инцидент со Игор Дурловски.
-Не сум повеќе советник на влада откога Зоран Заев си поднесе оставка си поднесовме оставка сите негови советници, сега сум само член на централниот комитет на СДСМ во Кисела Вода и шеф на безбедност на кампања од поодамна. Во врска со наводниот инцидент денеска ќе кажам дека ситни шарлантантски игри не коментирам. Некаде околу 13 часот се пресретнавме на семафори при што го отвори прозорецот и цинично ми довика ,,ќе изгубите” при што му кажав „сто години треба да лежите, времето на ДПМНЕ и квази патриоти заврши“.Уште не сум бил во полиција може и лаже дека пријавил, а и не знам по кој основ би го направил тоа“ изјавил Андов за 24 Инфо.