„Каква широка влада? Кој зборувал за влада и коалиција? Јасно кажав – поддршка за европските интеграции и реформите“, објави претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на платформата „Икс“, стои во соопштението на СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.

Да влеземе во тендер-коалицијата на Мицкоски?

Од каде некому му падна на памет таква идеја?

Ние не преговараме за фотелји и позиции.

Ние зборуваме за иднината на Македонија во Европската Унија.

Реформи сега. Малцинства во Уставот сега. Европа сега.

Центар за комуникации на СДСМ