Таа со умисла те навредува, исмејува, крајно понижува и нарекува некаков си измислен СЕВЕРОМАКЕДОНЕЦ, а ти како некој ајван парализиран умствено од Стокхолмски синдорм инфантилно го кудиш својот министер, мизерно прејудицираш дека лаже и како слеп за стап пишуваш дека без влез на Бугари во устав и инфантилно почитување на малцинства не сме можеле да влеземе во ЕУ? А истата таа Бугарија да ти носела вода во однос на малцински права, за неа да си бил урнек и пример за почитување на истите, пишува Курир за реакцијата од Венко Филипче.
Не, не очекуваш тој да и врати со „Татарка“, ама уште помалку да и’ „тепа“, да ја гали и поддржува, нели?
Очигледно, Венко го удри во глава промајата од прозорецот кој широко „го отвори“ Велислава за наш наводен влез во ЕУ, та поведен од „ЕФЕКТОТ НА ШИРОКО ЗАТВОРЕНИОТ ЏАМ“ стана пробугарски и антимакедонски настроен Венкослав. Еве ја причината за чудното однесување на „лидерот“ на СДС:
Бугарската министерка нагласи дека позицијата на Бугарија е јасна и дека од 2022 година прашањето повеќе не е билатерално, туку дел од процесот меѓу Европската Унија и земјата-кандидат.
„Овој прозорец за проширување може да се отвори во наредните години, но ако не се искористи, може да се изгуби“, изјави Чамова.
Ете, каде лежел зајакот, промаја го удрила човекот, за греота. Се уплашил, башка, дека Велислава може да ни го затвори џамот, па побрза СДС да даде се што треба. И не треба.
Бугарски прозорци, широко затворени, Кјубрик вода да им носи…
Велислава злорадо и со умисла нарекувајќи не „С…ромакедонци“ додаде дека се очекуваат конкретни чекори од македонска страна, вклучувајќи почитување на договорите и демонстрирање политичка подготвеност за напредок кон ЕУ. Чамова (и одговара, навистина е „некастрена“ и сировица) не мами со останатите кандидати и цинично наглси и дека земји како Црна Гора и Албанија веќе бележеле некаков си напредок.
А еве, што на оваа бугарска навреда, изживување и мизерна злорадост кажа автошовинистот, оикофоб и полн со самопрезир „лидер“, кому, очебијно, воопшто не му пречи да е се…оМакедонец:
„Имало или немало средба, формална или неформална, пораката од Бугарија е јасна. Без уставни измени и вклучување на малцинствата, што го дефинира како европско, а не бугарско прашање, Македонија нема да може да напредува во процесот на интеграција во ЕУ…“, напиша адвокатот на Велислава, Венкослав Филипчев.
МИЗЕРИЈА, е вистинскиот збор…
П.С. Со право се уплашија од СДС. Според народните македонски преданија ПРОМАЈА, СЕДЕЊЕ НА „ЦИМЕНТО“ и ПИЕЊЕ ЛАДНА ВОДА ОД ЧЕМА да ти биле ТРИТЕ најчести причини за смрт во државата чие име го прекрстија. Што е сигурно, сигурно е.
Извор: Курир




