Нема потреба од нови рестриктивни мерки, потребно е само почитување на веќе постоечките протоколи за заштита од коронавирусот, вели министер за здравство Венко Филипче.

-Епидемиолошката состојба е прилично мирна, има намалување на бројот на новозаразени, а се намалува и бројот на хоспитализирани во болниците. Но треба да се почитуваат важечките протоколи и за време на празниците граѓаните да избегнуваат големи групирања во затворени простори за да не дојде до влошување на состојбата, изјави вчера Филипче.