Денеска имаме повторно еден тренд на намалување на бројот на новодијагностицирани случаи со Ковид-19. Бројот на новодијагностицирани е околу 1.000, што потврдува дека епидемиолошката крива е во континуиран пад и тоа еден добар податок. Тоа значи дека мерките во рамките на предвидувањата ги даваат своите резултати, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Посочи дека притисокот во болниците е се уште голем со оглед на тоа што се уште има голема бројка на дијагностицирани.

– Во сите јавно-здравствени установи согласно распоредите и прераспределбата на пациенти има слободни болнички кревети и во Скопје на Интерните клиники и во ковид – центарот во Заводот за рехаблитација во Козле, како и во другите градови. Се прави прераспределба на пациенти од другите градови ако треба. Во овој момент се преоптоварени болниците во Куманово и во Битола и тоа на дневно ниво го менаџираме, рече Филипче.

Тој потенцира дека добро се одвива вакцинацијата и заклучно со вчерашниот ден близу 30.000 граѓани се вакцинирани.

И додека соседите бројат милиони вакцинирани, министерот Филипче е задоволен со имунизација на нецели триесет илјади вакцинирани граѓани.