Штотуку се одржува прес конференцијата на која зборува министерот за здравство Венко Филипче. Тој ги потврди неофицијалните информации дека кај жена, родена 1970 година, која околу 3 часот по полноќ била примена на Инфективната клиника, а која допатувала од Италија, потфврден е Ковид 19, односно го имаме првиот случај со корона вирус.

Според Филипче, пациентаката две неделеи се лекувала од грип во Италија, па се претпоставува дека периодот на инкубација поминал, па таа не претставувала опасност по влезот во Македонија за луѓето со кои дошла во допир. Позитивно е што таа веднаш во влезот во Македонија заминала на Клиниката.

Сепак, сите лица кои дошле во допир со неа, пред се тие кои ја транспортирале, се упатени на проверка, односно се под надзор.

Според др Жарко Караџовски од Инситутот за јавно здравје, едно заразено лице не претставува никаква опасност за населението. Тој укажа на тоа дека тие се подготвени за половина час да одговарат на билло каква појава. Сепак, според Караџовски, населението треба да мирно и спокојно.