Најавена е вонредна прес конференција во Владата на Република Македонија во врска со корона вирусот.

Прес конференцијата е веројатно во врска со третиот сомнителен пациент на вирусот чии резултати се чекаа по тестовите на Инфективната клиника.

Фактот што е најавена вонредна прес конференција упатува на тоа дека резултатите се позитивни и дека го имаме првиот случај на пациент со корона вирус. ТВ Сител веќе неофицијално објави ндека станува збор за првиот случај во Македонија.