Заедничката регионална работна група за отворање на границите се уште нема донесено одлука, но интензивно работи на тоа и штом биде постигнат консензус ќе се одржи состанок на кој ќе биде донесена и одлуката, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
– Точно е дека неколку пати ја одложуваме дискусијата за отворање на границите. Причината е што работната група се оформи малку подоцна од тоа што инициравме заради респонсибилност и на останатите земи. Станува збор за работна група на стручни луѓе, лекари и епидемиолози од повеќе земји од Западен Балкана плус Бугарија и Грција – проект кој го поддржа и Американската амбасада во смисла на добра регионална поддршка. Целтае да направиме заедничка политика за границите затоа што ниту една национална политика нема никаква логика ако се границите затворени, затоа што првиот момент кога ќе бидат отворени сето тоа губи смисла, одговори Филипче на денешната прес-конференција на новинарско прашање.
Се уште се разгова и врз основа на споделување на информациите и градење канали за комуникација помеѓу сите овие земји, како што рече, евентуално во смисла на можно предупредување за некои ризични региони во рамки на повеќето од овие земји, ќе можеме да направиме целосна слика за епидемијата во регионот за која што нашите сознанија се од официјалните податоци, меѓутоа сакаме да ги споделиме меѓу себе и во рамки на таа група.
-Сега во овој момент интензивно се работи и првот момент кога ќе има еден консензус сите да го финализираме овој првичен дел од таа работна група со заеднички состанок ќе донесеме и одлука, рече министерот за здравство.
Тој вели дека засега не се планира карантинот кој беше применет како мерка во почетокот на кризата предизвикана од пандемијата со Ковид 19 и се надева дека ќе нема потреба.
-Затоа се овие мерки претходно помеѓу сегашната ситуација и тој целосен карантин. Искрено се надевам дека и тие нема да се имплементираат и сме сигурни дека може да не го направиме тоа ако се почитуваат сегашните мерки кои што се препорачани. Но подготвуваме план заради тоа што видовме искуство од многу други земји, Израел или најавите во Велика Британија, Франција се соочува со огромене број на дијагностицирани случаи и во таа смисла се нашите подготовки како на здравствениот систем така и во епидемиолошкиот, претклиничкиот дел каде што треба да се влијае на намалување на трансмисијата, вели Филипче.
Анализата за смртноста нема да трае повеќе од една недела
Анализите за податоците за смртноста од коронавирусот се почнати викендов и министерот за здравство очекува тие да бидат готови во текот на оваа недела, и веднаш штом завршат ќе бидат презенентирани. Се работи, како што појасни на прес-конференција, за интерни анализи онаму каде се лекуваат овие болни, при што се анализираат нивната возраст, времето на доаѓање во болница, хронични заболувања, протоколи…
-Анализите веќе почнаа да се работат и верувам дека нема да треба повеќе од една недела со оглед на тоа што има јасни препораки што сакаме да се анализира во институциите, рече министерот Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање.
Додаде дека има поголем број дијагностицирани млади до 40 години, како и смртност и дека се прават проверки затоа што се специфични случаи.
-Видовме многу комплексни тешки форми на болеста. Форми кои никако не можевме да ги поврземе со претходна или актуелна фаза во која се наоѓа пациентот. Вирусот е многу непредвидлив и нема ниту еден фактор што ќе им укаже во која форма ќе се развива. Може да се види откако ќе тргне во некоја насока. Сепак ова е вирус со кој никој претходно не се соочил. Се прават многу истражувања и верувам ќе научиме и многу од нив. Ќе ги почекаме сите анализи и верувам дека ќе бидеме подготвени да извлечеме заклучоци, истакна министерот за здравство и додаде дека не недостасува терапија.
Оцени дека тоа што има поголем број заразени покажува дека мерките едноставно не се почитуваат и затоа се размислува за воведување други мерки.