Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека во текот на вчерашниот ден министрите за здравство на Албанија, Црна Гора и на Косово дале согласност дека може да се отворат границите.

– Ја чекаме реакцијата на министерствата за здравство на Србија и на Бугарија по што ќе донесеме одлука верувам на следниот состанок на Комисијата и на Штабот, додаде Филипче.

Како што претходно беше најавено, отворањето на границите ќе значи слободно движење на граѓаните без ПЦР-тест. А како што објави Министерството за здравство, бројот на новозаразени со Ковид-19 денеска во Македонија е 194.