Во финалето на АТП турнирот во Париз од серијата „Мастерс 1000“ денеска ќе играат 35-годишниот српски тенисер Новак Ѓоковиќ и 19-годишниот Холгер Руне од Данска.
Руне во првото саботно полуфинале го надигра Феликс Оже – Алијасим со 6-4, 6-2, додека Ѓоковиќ беше поуспешен од Стефанос Циципас со 6-2, 3-6, 7-6.
Финалето во Париз ќе биде втор меѓусебен дуел на Ѓоковиќ и Руне, а српскиот тенисер победи во првиот.
Ѓоковиќ изнесе комплименти на адреса на Руне, предвидувајќи му на данскиот тенисер успешна професионална кариера.
– Малку ме потсетува на мене, има солиден бекхенд, многу добра одбрана и компетитивен е. Во секој поен ги остава срцето и нозете на теренот. Добар е за нашиот спорт, изјави Ѓоковиќ.