Никако екипата на Струга да излезе од кризата, актуелниот лидер на табелата веќе петти натпревар е без победа. Денес ремизираа со Работнички, но имаа среќа што ремизираше и Шкендија со Академија Пандев па така бодовната разлика на табелата остана ист.

Шаркоски погоди за водство на „романтичарите“ од 1:0. Шабани на 20-тина минути се погрижи за бод на лидерот на табелата.

Со истиот резултат заврши и средбата во Тетово помеѓу Шкендија и Академија Пандев. Љупче Дориев ја погоди мрежата на „пандевци“ уште во деветтата минута, но гостите од Струмица преку Мартин Ѓоргиевски изедначија во второто полувреме.

Победа на свој терен беше поразена од Македонија Ѓорче Петров со 1:3. Абази погоди после 28 минути игра, Победа изедначи само четири минути подоцна. Двата гола во второто полувреме за „лавовите“ ги постигнаа Скендери и Алексовски.Тиквеш во Штип против Брегалница славеше победа од 2:1 со пресврт во вториот дел. Штипскиот тим до водство стигна уште во четвртата минута преку Милан Ѓокиќ. Пресвртот Тиквеш го направи вториот дел со погодоците на Љупче Кудев и Мишов.