Фудбалерите на Барселона ја совладаа Алмерија со 2-0 на домашен терен во натпревар од 13 коло во Ла Лига, во кој последен пат на Камп Ноу настапи Жерар Пике.

Легендарниот дефанзивец во четвртокот го најави своето збогување и синоќа стави крај на фудбалската кариера.

По триумфот над Алмерија, со кој Барселона се искачи на врвот на табелата во шпанското првенство, Пике одржа емотивен говор со солзи во очите.

-Тоа беше однос со многу љубов и голема страст … Уверен сум дека во иднина повторно ќе бидам тука. Ова не е крај. Заминав пред многу години и се вратив. Тука сум роден и тука ќе умрам. Visca Barca, рече Пике.