Шпанија ја победи Словенија со 34-32 во вториот полуфиналчен натпревар на ЕП во ракомет.

Иако конечниот резултат е само два голови предност заШпанија, победата на Шпанците во ниту еден момент не беше доведена во прашање.

Словенците парираа само во одредени моменти од мечот.

Шпанија првиот дел го заврши со водство од 20-15. Во второто полувреме малку се опушти но и така делуваше сигурно на теренот. Најефикасни кај победничката екипа беа Дуешебаев, Ентрериос и Фернандес со по 6 голови.