Невиден натпревар, на крајот 29:28 за Хрватска.

Победена Норвешка по четири продолженија, натпревар во кој Хрватска беше поблиску до победата во регуларниот дел, а Норвешка ги пропушти шансите во продолженијата, иако се чини беше поблиску до финалето. Хрватите дадоа победнички гол речиси во последнта секунда од четвртото продолжение и обезедија финале со многу знаење, многу храброст, но и многу среѓа.

Кој знае дали во историјата на ракометот воопшто имало ваков натпревар, со квалитет кој тешко се достигнува, но и драма каква ретко се гледа. Немаше д абиде незаслужено и ако и Норвешка победеше, но овој тим ќе ја чека следната шанса и се чини, допрва ќе гледаме врвен ракомет од викизните.

Среќно Хрватска!

Следи второто полуфинале меѓу Шпанија и Словенија, па, иако малку кој очекува, можно е и балканско финале на ЕП во ракомет.