Холандската фудбалска репрезеннтација ќе игра во финалето на Лигата на нации, откако синоќа во второто полуфинале ја победи Англија со 3:1.

Средбата одиграна во Гимараеш беше решена по дополнителни 30 минути, бидејќи основните 90 завршија без победник 1:1.

Головите за Холандија ги постигнаа Матијас де Лихт (73. минута), Кајл Вокер автогол (97) и Квинси Промес (114), претходно Англичаните поведоа преку Маркус Рашфорд од пенал во 32. минута.

Во финалето закажано за в недела од 20:45 часот во Порто, Холандија за противник ќе ја има домашната селекција на Португалија, додека Англија од 15 часот со Швајцарија ќе игра меч за третото место.