Неколку навивачи на Полска се приведени вчеравечер во центарот на Скопје, откако меѓусебно се степаа во едно кафуле.

Македонската полиција екпресно реагираше и за кусо време го реши инцидентот.

Полските навивачи се наоѓаат во македонската метропола во очекување на вечерашниот квалификациски дуел за ЕВРО 2020 на нивната со македонската фудбалска репрезентација.