Триесет и осумгодишна дипломатка во ОН во новогодишната ноќ била пронајдена мртва во нејзиниот стан на Менхетн во Њујорк, јави ТВ Фокс њуз.
Македонскиот поратл МКД дознава дека станува збор за член на делегацијата на Македонија во Обединетите нации.
Според Фокс њуз се работи за самоубиство.
Полицијата ја пронашла дипломатката со ремен околу вратот и две испразнети шишенца со антидепресиви. Немало никакви знаци на насилство, соопшти полицијата.
– Тука живееше две години. Сите сме изнендени, беше симпатична и многу добра личност, изјавил Хернан Авила, домарот во зградата.
Тој додава дека дипломатката живела сама во стан на четвртиот кат и ја опиша како тивка личност што повремено ја гледале како пуши надвор.
– Вчера доктори дојдоа горе, со амбулантно возило. Дојде некој маж, дипломат. Не знам, амбасадор или нешто слично. Ја побара неа, рече Авила.
Откако заѕвонил одвнатре немало одговор и се посомневал дека нешто се случило. Официјалните лица во постојаната мисија во ООН каде што работела жената не одговориле веднаш на барањето за коментар, објавува Фокс њуз.