Германскиот производител на автомобили Фолксваген планира да го запре производството на автомобили со мотори со внатрешно согорување во Европа помеѓу 2033 и 2035 година. Тоа го изјави за германскиот весник „Минхен Меркур“ Клаус Целмер – член на управниот одбор на компанијата, јави ДПА. Соопштението дојде откако беа објавени слични информации од претставници на Ауди.

Запирањето на производство на возилата со мотори со внатрешно согорување во САД и Кина ќе потрае малку подолго и значително подолго во Африка и Јужна Америка, додаде Целмер.

Ауди веќе објави дека планира да престане да произведува автомобили со мотори со внатрешно согорување по 2033 година. Според претходните планови, последниот таков модел треба да се произведе во 2035 година.