Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, разговараше со израелскиот претседател Ицак Херцог за ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток и ги повика сите страни на максимална воздржаност.
„Повторив дека Израел има право да се брани себеси и својот народ“, напиша Фон дер Лајен на социјалната мрежа Икс. „Но воедно е од суштинска важност да се зачува стабилноста во регионот“, додаде таа.
Изјавата доаѓа во момент кога Израел и Иран потврдија дека Иран започнал нов ракетен напад врз израелска територија.
фото: архива