Ги повикувам сите политичари да го остварат сонот на младите луѓе кои сакаат вашата земја да стане дел од ЕУ, порача претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен.

Таа рече дека е сигурна оти ќе се постигне мнозинство и уставните измени ќе бидат изгласани.

-На билатералната средба зборувавме за оваа важна тема за уставните измени. Сигурна сум дека луѓето од С. Македонија ќе постигнат мнозинство и ќе гласаат позитивно за уставните измени. Постигнавте многу, бевте успешни во напредувањето и сигурна сум дека ќе најдете убедливи аргументи за сите да сфатат дека сите се одгворини за придонес кон тоа земјата да се движи напред. Ги повикувам сите политичари да го остварат сонот на младите луѓе кои сакаат да се дел од ЕУ, рече Фон дер Лајен.

Таа пва го изјави одговорајќи на новинарски прашања по заедничката прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски.