Криминалната афера Рекет не престанува да го бранува и реалниот и виртуелниот свет во Македонија.
На социјалните мрежи не престанува да се коментира во врска со најновите случувања и изјави околу аферата. На реакција наиде и последната изјава на скопскиот адвокат Александар Тортевски, кој беше активен учесник и поддржувач на шарената револуција и СЈО.
– Чекај сега! Зошто Тортевски не е повикан во Обвинителство да даде исказ за тие што му нуделе поткуп? М? Бидејќи тврди дека Катица (Јанева) знаела, а и сите од СЈО. И, зошто Торте не пријавил и во полиција, пример?- прашува во својот коментар на Твитер корисникот со псевдоним Фортификација.
Неговата реакција се однесува на изјавата на Тортевски во интервју за Фокус.