Богата Влада, сиромашен народ“, „Заев апаш, тендери лапаш“, порачаа огромен број граѓани од денешниот масовен протест во Скопје, пренесува Република. Од паркингот на спортската сала „Борис Трајковски”, по булеварот Партизански одреди, до пред Регулаторната комисија која делува како продолжена рака на СДСМ и Заев илјадници граѓани предвоени од раковоството на ВМРО-ДПМНЕ потсетија дека мафијата на Зоран Заев ја урна економијата во Република Македонија и остави на улица над 40 илјади граѓани за пет месеци.
Македонија има историски пад на БДП од 12.9%, Зоран Заев тргува со македонската историја, го продава Гоце Делчев, а капак на се е поскапата струја која гризе од стандардот на сите. Поскапата струја носи сиромашен народ.