Бизнисменот и активист, кој критички е настроен кон власта, како и претседател на движењето Трета, Љупчо Палевски попладнево бил брутално нападнат и претепан од маскирани напаѓачи.

Како што објави ТВ Сител, Палевски е вотешка состојба бил пренесен со Брза помош в болница, каде лекарите се борат за неговиот живот.

Неофицијално тој бил пресретнат и брутално нападнат пред својот дом на пат кон својата викендичка од непозната група на сторители.

Палевски е поранешен член и висок функционер на СДСМ, во времето на Бранко Црвенковски, но во последните години е жесток критичар на владеењето на неговата бивша партија. Тој пред извесно време се врати од долг притвор во Србија, каде што беше уапсен, за наводен долг на фирма во Хрватска, но остана неразјаснето за јавноста поради што беше држан толку долго во притвор, иако од Хрватска не беа заинтересирани за негова екстрадиција.

Притворен беше на аеродромот во Белград во моменти кога деловно требало да патува со авион за Москва.