Утрово околу 6:30 часот, на релацијата Пробиштип-касарна „Илинден“ се запалил автобус на АРМ.
Автобусот бил полн со војници кои се превезувале до касарната „Илинден“ кога избувнал пожарот. Војниците едвај излегле од автобусот. Поради брзината на пожарот војниците немале време ни да ја земат опремата од автобусот.