Денеска во Миравци е потврден напредокот на државата. Гевгелија е на прав пат!
Ова пред малку го објави портпаролот и досегашен пратеник на СДСМ, Костадин Костадинов. Тој во објавата на Фејсбук не објаснува како токму во Миравци го утврдиле напредот на државава. А од она што е видливо засега, и опипливо за граѓаните, е евидентен „напредокот“ во рекетирањето и корупцијата.
Исто така, евидентно е дека напредокот за кој зборува Костадинов и државата на која не и спомнува име ни со придавката ни без неа, е Македонија.