Пратеникот и портпарол на СДСМ, Костадин Костадинов, денеска не се појави на прес-конфернција бидејќи бил ангажиран со набавка на потопна пумпа за испумпување на вода.

Тој преку Фејсбук се пофали дека „зборот е збор“ и тоа што вчера ветил остварува:

– УМС Струмица вчера реагираа за собирањето на водата на патот кај седиштето на рудникот Огражден. Добро е сите, без разлика дали ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ или неопределени, да реагираат кога имаме проблеми, а ние како одговорни политичари треба да решаваме. Јас им ветив дека ќе ја купам потопната пумпа за да го решиме проблемот со собирањето на вода, денес тоа го завршив. Само така ќе си ја направиме нашата Струмица поубаво место за живеење. И ќе повторам, ви стојам на располагање на сите во секое време. Без да ги политизираме нештата, туку да ги решаваме реалните проблеми кои што ги имало и ќе ги има, објави Костадинов на Фејсбук.

Ова е одговорот на Костадинов откако Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ја критикуваа локалната власт за нерешениот проблем со собирањето вода на посоченото место од патот.

Белки пумпата нема да биде само за сликање и реклама, како што беше трошокот што го направи Зоран Заев за бројчаникот на палата Македонија во Скопје, кој го купи, но никогаш не проработе за намената за која беше направена голема политичко-рекламна помпа.