ФК Рокдајл Илинден од Сиднеј, фудбалски клуб на Македонците во Австралија, го постигна својот најголем успех во 50-годишното постоење и годинава стана шампион.

Клубот е формиран во 1969 година и годинава ја освои првата титула во својата историја, откако шампионатот на Националната прва лига на Нов Јужен Велс за 2020 година ја заврши на првото место.

Последното коло во шампионатот на Нов Јужен Велс беше возбудливо, затоа што Рокдајл Илинден до последен момент се бореше за трофејот со „Волците“ од Волонгонг. И двата тима имаа ист број бодови, но поради подобра гол-разлика, Македонците го освоија трофејот.

Овој успех беше одбележан со голема македонска прослава. Рокдајл Илинден го совлада Норт Шор Маринерс со 2:1.