За нецел час почнува дуелот помеѓу македонската ракометна репрезентација и Чешка кој е вториот натпревар на Европското првенство во Виена.

Со победа на Македонија ширум ќе си ги отвориме вратите од вториот круг, за што се свесни и навивачите кои веќе почнаа со подготовките за оваа клучна пресметка.

Лазаров, Столилов, Ристовски и останатите од македонската репрезентативна чета ќе играат како да се дома, бидејќи, како што објави порталот Спорт1 повторно се очекуваат околу 5.000 припадници на Фалангата да се најдат на трибините во „Штадхале арената“.

Фан-зоните во кои се подготвуваат навивачите полека се полнат, а најавите се дека денеска ќе дојде до обединување од двете „фракции“, за заедничко дефиле кон салата и секако заедничко бодрење на ракометарите во неа.

Македонската песна веќе е присутна, тапаните се загреваат, сите предуслови се исполнети за ново навивачко шоу во австриската престолнина.

А, желбата на сите кои денеска ќе навиваат за Македонија, без разлика дали во салата или пред малите екрани, е иста – победа над Чешка и речиси стоотстотно заверување на визата за следната фаза на ЕП.

Фотографиите се позјамени од порталот Спорт1.

https://www.youtube.com/watch?v=SkKp4rP-3p8&feature=emb_logo

https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=BEF5bopXwFc&feature=emb_logo

https://www.youtube.com/watch?time_continue=16&v=yemh3WUXoD4&feature=emb_logo

Видеата се позајмени од порталот Спорт медиа.