Во неверојатно тврда игра во првото плувреме, нашата репрезентација успеа да дојде до водство од 11:9 на полувремето од натпреварот со Чешка.

Извонредна игра во одбрана, примени само девет голови, прилино послаб напад каде се забележува дека нецелосната опуштеност на помладите играи повторно го префрла товарот врз Кире Лазаров, со неколку промашени зицери, со најмалку четири тенденциозни одлуки на судиите во полза на Чешка (непризнаени два наши постигнати голови), но со речиси сигурни шанси за победа ако вака продлжиме во одбраната во второто полувреме.

Лазаров постигна четири гола, Манасков два, но головите на Талески и Кузманоски од игра во последните минути од полувремето, го покажаа всушност патот до победата.

Извонредно прво полувреме и на Борко Ристевски, па заедно со Митревски, се чини имаме голмански тандем кој може да не одржува во игра со било кој противник.

Второто полувреме почнува за неколку минути.