Во слабо второ полувреме, Македонија загуби од Чешка со 27:25, иако на полувремето водевме со 11:9.

Со тоа драстично ги намаливме шансите за понатамошен пласман поради тоа што во последното коло играме со Австрија која сигурно ќе ја полува предноста на домашниот терен.

Нашата репрезентација сериозно попушти во одрбаната во второто полувреме. Примивме 18 голови и со таква игра не ни можевме да очекуваме победа или нерешен резултат.

Кај нашата екипа, Кире Лазаров постигна 11 голови, а Манасков 5.