Македонските револуционери Гоце Делчев, Даме Груев и Јане Сандански, деновиве, на македонската Википедија  станаа „бугарски револуционери“.

За сите револуционери кои се во македонската химна пишува дека се македонски херои, но веднаш под нивното име  дека се Бугари.

Википедија на македонски јазик е една од најпребаруваните страници и истата може да биде уредувана од секој корисник на интернет, но сепак постојат уредници кои треба да се грижат да бидат запишани точните факти.

Википедија на македонски јазик е отпочната во 2001 година.

Откако направивме проверка на Википедија на македонски јазик, регистриравме дека, при пристап од мобилен телефон или таблет корекцијата не е направена, односно и натаму стои „бугарски револуционери“, но кога на Википедија се влегува од компјутер под нивните имиња пишува како што е исправно: македонски револуционер.