Пчелар во демирхисарското село Прибилци преку ноќ остана и без мед и без пчели, откако пчеларникот го посетила мечка.

Мечката се нагостила со тазе мед, а пчеларот со голема штета што е предизвикана во испревртените сандаци со пчели.

Тажна е глетката во пчеларникот по нападот од неканетата гостинка, што може да се види и од фотографиите.