Црвениот тепих за денешниот пречек на папата Франциско на скопскиот аерордом не беше доволно широк за по него да гази и премиерот Зоран Заев.

Како што може да се види од фотографијата на која папата Франциско и неговиот домаќин, претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов чекорат по црвениот тепих пред авионот, а Заев со едната нога е на тепихот, а со другата на бетонот.

При денешната посета забележана е уште еден интересен настан од средбите со папата.

На средбата на Заев со папата Франциско во претседателската Вила Водно, премиерот на крајот од средбата го вклучи и семејството. Во завршницата на средбата за сликање со папата им се придружија сопругата на премиерот Зорица, заедно со ќерката Александра.

Бргу потоа фотографијата, која не е баш селфи како неодамннешното со грчкиот премиер Алексис Ципрас, Заев ја објави на својот Фејсбук профил.

Кога станува збор за црвениот тепих, познато е дека премиерот Заев го практикува и при закројување на лозја, како што беше случај ланската година на Свети Трифун во Тиквешко.