Ако оваа Влада покажа како се гради во државата, тоа најубаво може да види за експресниот пат Штип-Радовиш, објави денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, кој заедно со техничкиот премиер беа на увид и фотографирање на овој пат во градба.

– Изградбата на овој експресен пат е пример како треба да се реализираат капиталните инвестиции во државата.
Динимиката на изградба е одлична и очекуваме да биде завршен и пред рокот предвиден за тоа, во 2021 година.
Со изградбата на овој аекспресен пат ќе го подигнеме животниот стандард на преку 170 илјади жители на Југоисточниот регион и околу 12.000 фирми кои дејствуваат во овој регион. Продолжуваме…- објави Сугарески.

Во прилог и фотографии од „најдобриот пример како се реализираат капиталните инвестиции“ и изградбата на  500 км автопати низ Македонија што ги вети владејачката партија, чиј претставник е и Сугарески, а досега е одржан само еден чочек и тоа на делница од автопат што го изгради „бившиот режим“.

(Д.Г.)