Власта се истроши во менување табли на аеродроми, автопати и гранични премини, со додавката Северна во името на Република Македонија, а во Грција и натаму „живее ФИРОМ“.

Пример за сервилноста на оваа власт во Македонија може да се види и на оваа фотографија на која на две табли една до друга, пишува различно име за државата Република Македонија.

Таблата поставена од актуелната власт е „Република Северна Македонија“, а до нејзе веднаш е грчката табла на која пишува „ФИРОМ“.