Откако заврши петтата сезона на популарниот македонски ситком „Преспав“, актерската екипа до следното дружење, има други професионални ангажмани.

Серијата им донесе поголема популарност, од која пак имаат плус преку снимања на реклами.

Актерот Дритон Вејсели или попознат како Талат од Џепчиште, неодамна снимаше реклама за една компанија за млечни производи заедно со пејачката Мартија Станојковиќ, а тоа не е единствената која ја има сработено периодов.

Дритон по снимањата на „Преспав“ е друг лик, па можеби и потешко би го препознале приватно со долга брада.

Тој е корисник на социјални мрежи, а на својот профил деновиве откри дека си направил нова тетоважа чија симболика не ја опиша, но го сподели моментот од тату студиото.

До следната сеозона на „Преспав“ , Талат или Дритон ќе го гледаме по реклами на телевизија и социјалните мрежи.

vistina.mk