Познатиот шпански актер и комичар, познат низ светот со прекарот Ел Риситас, кого сите го обожававме поради неговата заразна смеа со која го поправаше расположението на милиони луѓе во светот, починал во болница во Севиља.

Веста за смртта на комичарот ги растажи сите што досега ги насмеваше и го обожуваа или барем еднаш го погледнаа славното видео, по што беше невозможно да не го сакаат.

Ел Риситас е роден на 5 април 1956 година во Севиља, а неговото вистинско име е Хуан Хоја Борха.

Тој во септември 2020 година бил хоспитализиран во болница, а поради болест му била ампутирана ногата.

Планетарната популарност ја стекна со своето смеење во една емисија.

Видеото стана вирално, а извадоци од неговот смеење се користеа за голем број монтажи низ целиот свет.