И македонската Божица на правдата денеска „доби“ чанта Луј Витон.

Актуелните настани со рекетот, криминалот, тендерите и македонското правосудство се честа тема на социјалните мрежи. Денеска на Твитер на македонската правда и „подарија“ чанти наместо терезија за мерење на правдата.

– Отприлика, вака стојат нештата: ВиРус во Луј Витон, гласи твитот на корисникот на псевдонимот Боби на Твитер.

Пораката има и скриена алузија во „вирус“-от, која не е тешко да се прочита, како ни алузиите на чантите Луј Витон кои се полнат со евра за рекетирање.