Денеска во затворот во Шутка Бојан Јовановски познат како Боки 13 ќе го прослави 33-тиот роденден без роденднеска торта, свеќи и гламур на кој беше навикнат.

Боки 13, кој е притворен во аферата Рекет, беше навикнат на гламурозни прослави на неговите родендени, со музика, познати пејачки ѕвезди и гости од македонскиот и балканскиот „џет-сет“.

Прославата на 30-тиот роденден Боки 13 ја почна со 1001 ружа, 32-иот го славеше со италијанска вечера, а на социјалните мрежи тогаш напиша: „Мала Сицилија во Скопје“.

Сега 33-тиот роденден Боки 13 ќе го прослави во притворот во Шутка.